Шепни ѝ на Шумската Вила што сакаш и таа ќе ти ја исполни желбата!
Се разбира, ова важи само доколку посакуваш некоја уникатна, невообичаенa фигура на свеќа изработена од пчелин восок, која ќе и даде дополнителна топлина и шарм на секоја просторија.
Овој пат ви ја претставуваме Марина Тренчоска, Шумската Вила, креативна претприемачка која изработува еколошки свеќи од пчелин восок, набавен од нивниот семеен пчеларник.
Формите на свеќите се чиста магија.
Во овој разговор ни ги открива предностите на ваквиот тип на свеќи, начинот на изработка и многу, многу други интересни факти.
Интервјуто е дел од проектот ,,Креативните Сили на Струмица‘’ во реализација на Здружението за Образовно-Едукативни Цели ДМ Ленгуиџес, поддржан од Општина Струмица, во рамките на G1 Програмата за Локален Економски Развој.
Проектот цели кон зголемена видливост на малите локални креативни бизниси и поттикнување на претприемачкот дух.
Погледнете го на следниов линк
Leave a Reply