Природниот детергент на Данче Серафимова-омилен производ во многу домови

Природниот детергент на Данче Серафимова-омилен производ на многу домови е првата сторија во рамките на проектот ,,Креативните Сили на Струмица” поддржан од Општина Струмица, во рамките на G1 Програмата за Локален Економски Развој а кој цели кон зголемена видливост на малите локални креативни бизниси и поттикнување на претприемачкот дух.

Разговараме со Данче Серафимова. Таа е млада креативна претприемачка која водена од поривот да инспирира промени, страста да создава но и желбата да пронајде што е можно поприродни и подобри производи за нејзините најмили, почнува да прави природен детергент. Најпрво рецептот го споделува на својот инстаграм профил со намера да помогне и на други семејства да направат и користат природни и нештетни производи, но по некое време доаѓа до сознание дека поголем дел од нив претпочитаат да купат отколку да направат самите.

Нејзините почетоци биле колебливи, но со поддршка од најблиските, таа се решава да го пушти во продажба Природниот детергент, дополнет со прирачник за low-tox дом. За патот на Данче кон создавање на сопствен производ таа вели дека е тесно поврзан со нејзиното емоционално созревање и еволуција на личноста и способноста дури и во најтешките периоди да се смогне сила и пронајде инспирација. Моќна и инспиративна, за претприемачките стравови и предизвици, но и триумфот над нив, целата приказна на овој линк.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*