Започнуваме со реализација на проектот ,,Креативните Сили на Струмица”

Драги наши, со големо задоволство ве известуваме дека овој месец започнавме со реализација на активностите од проектот со наслов ,,Креативните сили на Струмица” поддржан од Општина Струмица во рамките на G1 Програмата за Поддршка на ЛЕР.

Активностите од овој проект се насочени кон поттикнување и промовирање на креативното претприемништво како важен сегмент за локално економскиот развој. Проектот има за цел да зајакне позицијата на локалните креативци на пазарот, зголемувајќи ја нивната конкурентност и видливост, што ќе помогне во развојот на креативниот сектор како важен дел од локалната економија.

Проектот ќе се имплементира во период од 5 месеци, почнувајќи во ноември и завршувајќи во март. Конкретната цел е промовирање на локалните креативци, афирмирање на нивниот бренд идентитет и уникатноста на нивните производи или услуги.

Дополнително, активностите од проектот целат кон поттикнување на претприемачкиот дух кај младите, што ќе ја зајакне креативната економија во регионот.

Во тек е мапирањето на креативните бизниси од нашата општина, за кои нашиот тим ќе подготви feature stories кои првично ќе бидат објавени на МАГАЗИН ИНСПИРАТИФФ ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И ЛИЧЕН НАПРЕДОК И ПРОМОЦИЈА НА КРЕАТИВНОСТА www.inspiratiff.com

Доколку токму Вие се занимавате со креативен мал бизнис или хоби со бизнис потенцијал или познавате некого кој го прави тоа, пријавете се/пријавете го/ја за соработка.

Нашиот тим се радува на оваа можност.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*