За Нас

Здружението ДМ ЛЕНГУИЏЕС од Куклиш е доброволно, непрофитно и невладино здружение на граѓани, формирано за остварување, заштита и усогласување на интересите и уверувањата на граѓаните, со цел унапредување на граѓанското општество и локалните заедници. Здружението работи на поттикнување на морални вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и поддршка на економскиот развој на државата, согласно со Законот и Уставот.
Во рамките на нашата организација, граѓаните се здружуваат за да ги остварат своите цели и програми од областа на образованието и едукацијата на млади и возрасни лица – од предшколска возраст, основци, средношколци, студенти, до возрасни лица. Нашата мисија е да обезбедиме висококвалитетно образование и обука, насочена кон јакнење на граѓаните, развивање на нивните знаења, вештини и самодоверба. Преку иновативни програми и пристапи, ги поддржуваме поединците во нивниот личен и професионален развој, овозможувајќи им активно учество во општеството.
Нашата визија е да создадеме општество каде секој граѓанин има пристап до квалитетна едукација која води кон позитивни промени и напредок. Веруваме дека образованието е клучен фактор за трансформација на животите и зајакнување на луѓето да ги остварат своите потенцијали.
Здружението своите цели ги остварува преку организирање на конкретни програмски активности, спроведување проекти, организирање конференции, семинари, обуки и други настани. Дополнително, поттикнуваме иницијативи кај надлежните органи и институции, особено во областа на медијацијата.
Органите на здружението се Собранието, Извршниот одбор и Надзорниот одбор. Работата на здружението е јавна, со редовно информирање на членовите, партнерите и пошироката јавност за постигнатите резултати и активности преку печатот, радиото, телевизијата и интернетот.